Статистика: Издадени 179 одобренија за градење во јули

 

Оваа година во јули се издадени 179 одобренија за градење со предвидена вредност на објектите од 1.452.757 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.

Намалување бележи и бројот на издадени одобренија во јули во однос на овој месец лани за 26 проценти, како и вредноста која е помала за 91,6 проценти. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 143 (79.9 отсто) се наменети за објекти од високоградба, девет (5.0 отсто) за објекти од нискоградба и 27 (15.1 отсто) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 324 станови, со вкупна корисна површина од 29.695 метри квадратни.

Во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со првото од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,7 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,1 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 6,3 отсто.

Во второто тримесечје од 2013 година, во споредба со второто тримесечје од 2012 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 3,7 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 18,8 проценти.

 

05.09.2013 - 13:34
Фото: 
Телма

најчитано сега