Пешки тргнале преку граница со 40 кила дрога - македонската полиција ги фати

 

По добиени оперативни сознанија и претходно подготвен план,  вчера во координирана и заедничка акција на Секторот за внатрешни работи Битола и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Меџитлија, спречен е обид на шверц на опојна дрога марихуана.

Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27), сите државјани на Република Албанија.

Тие се откриени во непосредна близина на границата со Република Грција во околината на селото Лажец, во обид пеш да ја минат државната граница и се приведени во Полиција  за граничен премин Меџитлија.

За настанот е запознаен Јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

08.03.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега