Нова бензинска на „Лукоил" во Лешок

 

Лукоил Македонија денеска свечено ќе го отвори повеќенаменскиот комплекс со бензинска станица, лоциран во село Лешок, на регионалниот пат Тетово - Јажинце - граница кон Косово.

На свеченото отворање ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Олег Шчербак, претставници на локалната самоуправа и други гости.

Во рамки на повеќенаменскиот комплекс, со ресторан и паркинг за лесни и тешки моторни возила, на површина од над 16.000 метри квадратни, ќе работи 24-та бензинска станица на компанијата Лукоил во Република Македонија.

07.09.2013 - 10:33
Фото: 
евести

најчитано сега