Битолчанец запалил оган во Офицерскиот дом

 

Лице чиј идентитет е непознат вечерва запалило оган во Официрскиот Дом во Битола, најверојатно за да се стопли, а случајот го забележале и пријавиле од локалните кафулиња, пренесе Сакамдакажам.

Противпожарната единица брзо интервенирала и пожарот бил изгаснат со противпожарни апарати и вода. Интервенирале двајца пожарникари, а пожарот бил од мал карактер.

Инаку, лицето го запалило оганот на приземјето, иако се работи за објект под заштита како културно-историско наследство. 

 

 

 

09.03.2018 - 23:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега