Осум девојки приведени во кафеана во Македонија - МВР објави фотографија

 

СВР Куманово во координација со крим полиција при МВР, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, ноќеска после полноќ изврши акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане,поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија.

Во угостителскиот објект затекнати се девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест девојки од Албанија и Косово, кои се приведени и известен е јавен обвинител, информира МВР.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а УЈП дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

 

 

 

11.03.2018 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега