Пуштен во употреба нов повеќенаменски комплекс на Лукоил во Лешок
На регионалниот пат Тетово - Јажинце на влезот во селото Лешок денеска беше пуштен во употреба повеќенаменски комлекс и бензинска пумпа на компанијата Лук оил Македонија.
На пуштањето присустваа министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, генералниот директорот на Лук оил Македонија Андреј Михаилович Кукул, амбасадорот на Русија во Македонија Олег Николаевич Шчербак и градоначалникот на општина Теарце Исен Асани.
- Во овој комплекс освен гориво нашите потрошувачи ќе имаат избор и на квалитетна храна и пијалоци, додека на децата на располагање им стои детското игралиште. Патниците што транзитираат по овој регионален пат, ќе имаат можност за одмор и простор за безбедно и сигурно паркирање на своите возила, рече Кукул, изразувајќи задоволство што и жителите на овој регион во Македонија ќе имаат можност да користат од висококвалитетното и брендирано гориво ЕКТО.
Рускиот амбасадор во Македонија очекува добрите односи на двете земји да продолжат на сите полиња.
Повеќнаменскиот комплекс е зедничка инвестиција на Лук оил Македонија и фирмата Интеринвест од Шемшово и се простира на 16.000 метри квадратни и во негов состав има бензинска пумпа, ресторант, детско игралиште и пракинг за лесни и тешки моторни возила. Ова е 24 бензинска станица на Лук оил во Македонија.