„Децата ни скапуваат во гроб, имате ли душа" - СЈО го побара Монструм, бурни реакции кај родителите

 

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи рочиште за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година.

Жестока расправа полна со емоции од страна на родителите на убиените момчиња кај Смилковското езеро предизвика денешното второ одложување на случајот „Монструм“ откако Врховен го врати предметот на почеток и ги ослободи од притвор обвинетите, поради тоа што Катица Јанева го побарала предметот, јавува 24 вести.

- „До кога ќе се купува време ова е политички пазар судија , нашите деца шест години скапуваат во гроб, имате ли душа судија имате ли деца“, беа само дел од негодувањата кои родителите ги упатија до судијата Огнен Ставрев, пренесува 24вести.

 

 

 

14.03.2018 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега