Температури од 5 степени - какво време не очекува во наредните неколку денови

Во Македонија во недела ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 14°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 33°C со УВ индекс 6, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во Скопје во недела ќе биде сончево и топло. Умерен северозападен ветер. Утринската температура од 11°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 30. УВ индекс 6.

Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Кон крајот на денот зголемување на облачност. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер. Утринските температури од 5°C до 15°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 25°C до 33°C. УВ индекс 6.

Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во северозападните предели. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен западен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 34°C. УВ индекс 6. 

07.09.2013 - 23:40

најчитано сега