Го фрлале кокаинот од автомобил за да се спасат - македонската полиција ги фати

 

За две лица од скопско поднесена е кривична пријава бидејќи поседувале кесичка со кокаин.

Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишниот Б.Љ. од село Горна Матка и 24-годишниот Е.Р. од село Сарај, скопско, поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Како што е наведено во полициското соопштение, на 17-ти овој месец околу 16:20 часот во село Горна Матка, полициски службеници забележале патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки и дале знак за запирање на возилото. Возачот Б.Љ. се обидел да побегне, но набргу потоа бил запрен. Непосредно пред да застане возилото, од внатрешноста била исфрлена најлонска кеса, која подоцна била пронајдена. Во кесата имало наркотична дрога кокаин со маса од 69 грама.

Веднаш по настанот Б.Љ. и Е.Р. биле лишени од слобода и се задржани во Полициската станица Гази Баба.

 

 

 

19.03.2018 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега