Вечерва спектакуларен концерт по повод Денот на независноста

Вечерва по повод 22 години од осамостојувањето на Македонија, граѓаните ќе можат да уживаат со песните на Каролина Гочева, Аделина Тахири и Суперхикс. Концертот кој ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“ ќе започне во 20 часот и 30 минути, пренесува порталот Курир.

-  Ќе има поп-рок концерт на новиот плоштад кај споменикот на Филип Втори. Еден час ќе настапува Каролина Гочева со бендот, потоа Суперхикс, па Аделина, а ќе има и диџеј. Ќе има спектакуларен огномет и некои други изненадувања изјави Дејан Пројковски за порталот „Курир“.

„Нашето единство, наша победа“ е мотото под кое денеска ќе се одбележи Денот на независноста.

Останува да се надеваме дека овој ден уште повеќе ќе ни го разубават македонсите кошаркари кои играат против БиХ.

08.09.2013 - 10:40

најчитано сега