МВР со детали за струмичанецот кој вчера со копач, демолираше казино (видео)

Во казино во центарот на Струмица синоќа околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини.

Од СВР Струмица го потврдија настанот.

– Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Инаку, синоќа на социјалните мрежи се појави видео во кое се зборува како непознат човек го демолирал казиното.

 

 

 

22.03.2018 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега