Кривична за Паско Кузман за 19 милиони денари

 

Екс директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман да одговара кривично за злоупотреба на службената положба бара Финасиската полиција.
Во соопштение утрово од таму информираат дека е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство поради сомнение дека Кузман  на лице од Хрватска му овозможил да се стекне со имотна корист од 19 милиони денари спротивно на законот.

Според информациите од Управата, Кузман, во текот на 2010 година по претходно спроведена постапка за јавна набавка, склучил договор за изведба на градежни и градежно-занаетчиски работи за возобновување на Светилкиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид,  со изведувачот, „Конструктор Инженеринг АД  Сплит“ со подржуница во Македонија, за што била обезбедена гаранција за понудата, но не и банкарска гаранција за квалитетно извршување на работите.

Осомничениот Ш. Ц. од Хрватска, со цел да се стекне со противправна имотна корист, доставил градежна книга со невистинита содржина, во која лажно прикажал дека на објектот биле набавени материјали и извршени градежни работи во вредност од над 19 милиони денари. Паско Кузман, тоа го дозволил, при што иако не бил избран надзорен орган и одобрение за градба, дозволил да бидат исплатени 19 милиони денари. Кузман, иако бил должен, не го раскинал договорот и не ја раскинал банкарската гаранција, за чиј износ е оштетен буџетот на Управата за заштита на културното наследство.

 

 

 

 

22.03.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега