Пијан маж навредувал и одбивал помош - пронајден мртов пред болница во Кавадарци
Вчера, во 01 часот и 10 минути по полноќ во Полициската станица Кавадарци, од Јавната здравствена установа Кавадарци било пријавено дека пред влезот на установата имало непознато лице во алкохолизирана состојба, кое ги навредувало и одбивало да му се пружи лекарска помош.
Кога излегле да видат што се случува со него, забележале дека лицето лежи на земјата без знаци на живот. По извршени проверки констатирано е дека се работи 48-годишниот Ј.М. од Кавадарци.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
26.03.2018 - 13:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа