Прегазено 10 годишно детенце во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во 07 часот и 50 минути, на улицата „Борис Сарафов“ патничко моторно возило „Мазда“ со скопски регистерски таблици управувано од страна на 40-годишниот Т.Ј. од селото Шишево-скопско удрило во 10 годишно дете-пешак.

По незгодата со истото возило пешакот бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

27.03.2018 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега