Страшна несреќа во Скопје: Прегазен пешак
Пет минути по полноќ на крстосницата од булеварот "Кузман Јосифовски Питу" со улицата "Крушевска Република", 47-годишниот Д.М. од Скопје управувајќи патничко моторно возило "Фиат Брава" со скопски регистарски ознаки удрил во пешак.
Се работи за 30-годишниот М.Г. од Скопје. Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој со истото возило бил пренесен во Градската општа болница "Свети Наум Охридски" каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа