Апсења на два гранични премини во Македонија
На два гранични премини во Македонија вчера биле приведени двајца турски државјани. Едниот на граничниот премин „Делчево“ поради сомение за фалсификувана зелена карта за автоосигурување, а другиот на „Деве баир“ поради соневање дека илегално влегол во Македонија.
- Вчера во 10:30 часот на ГП „Делчево” на влез во Македонија поради постоење основи на сомнение за фалсификувана меѓународна зелена карта за осигурување од автоодговорност, бил лишен од слобода турскиот државјанин Б.С. (44), кој управувал товарно моторно возило „Рено” со турска национални ознаки. Истиот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Делчево за понатамошна постапка, информираат од МВР.
Во врска со вториот случај оттаму соопштуваат дека се случил синоќа во 21.00 часот на ГП „Деве Баир” кога на излез од Македонија поради постоење основи на сомнение дека има остварено илегален влез во Р.Македонија (немал печат за влез во РМ во патната исправа и не бил евидентиран), бил приведен турскиот државјанин А.О. (38).
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа