Удрил во бетонски столб и се превртел - несреќа во Македонија, во возилото и дете

Околу 23 часот синоќа било пријавено дека на автопатот  Гостивар-Тетово, во непосредна близина на наплатната станица Тетово, 59-годишниот И.А.  од Тетово управувајќи патничко возило „Фолксфаген пасат“ со хрватски национални ознаки,  изгубил контрола над возилото, кое удрило во бетонски sид и се превртело.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото А.Б. (62) од Тетово, додека И.А. и деветгодишна сопатничка се здобиле со телесни повреди и со друго возило биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана помош.

А.Б. била задржана на лекување, додека И.А. и малолетничката биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.         

 

 

 

27.03.2018 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега