Двајца нападнати на Партизанска по расправија во бутик

Во 22 часот во Скопје на раскрсницата на булевар „Партизански Одреди“ со улица „Љубљанска“, биле нападнати две лица.

Љ.Г.(34) и П.М.(29) од Скопје, биле физички нападнати од три лица. Тие со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде им се констатирани телесни повреди, пренесе МВР.

Причина за нападот била претходна расправија во продавница за алишта, каде оштетените работат како обезбедување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

28.03.2018 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега