Уште еден инцидент - одземени 200.000 денари од казино во Скопје
Маскирано лице ноќеска околу 1:20 часот со закана со пиштол извршило грабеж во казино во Скопје.
Инцидентот се случил во казино на улица „Васил Чакаларов“, кога напаѓачот извршил разбојништво врз двајца вработени при што одзел 200.000 денари.
Извршен е увид на местото на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
28.03.2018 - 16:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа