Ужас во Македонија: Ученик силувал друг малолетник
Вистински хорор ја потресе Македонија кога вчера во 11 часот во Полициската станица Струга, од Центарот за социјални работи Струга било пријавено дека ученик од средно училиште од Струга, според негово кажување, во неколку наврати под закана бил сексуално злоупотребен од друго малолетно лице-ученик.
Со малолетникот во Центарот за социјални работи бил извршен разговор во присуство на социјален работник, психолог, педагог и адвокат за деца. Во разговорот малолетникот изјавил дека во повеќе наврати во летото 2017 година во неговиот дом бил сексуално злоупотребен од страна на друго малолетно лице-ученик во средно училиште, пренесе полицијата.
Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на настанот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа