Фатен Албанец кој незаконски ловел на Галичица

Во 17.00 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Свети Наум“ кај место викано „Попо“ било затекнато лицето А.П. (56) од Поградец - Република Албанија без документи.

Со него имал една пушка марка „Benelli“ со шест ловни куршуми и тој е затекнат при вршење кривично дело - “незаконит лов“, казниво по член 228 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија во подрачје под Националниот парк „Галичица“.

Лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.  

 

 

 

29.03.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега