Драма во кумановскиот затвор: Затвореник се обидел да се самоубие

 

Вчера во 16 часот и 30 минути телефонски, во Секторот за внатрешни работи Куманово, Б.П. вработен како надзорник во Казнено поправната установа “Затвор Куманово“ село Кшиње пријавил обид за самоубиство.

Имено во соопштението од МВР стои дека лицето 22- годишниот А.И од Свети Николе, се обидел да се самоубие на тој начин што во тоалетот кој се наоѓал позади кујната на затворот, со нож си нанел убодна рана во пределот на стомакот и рана во пределот на задната лева страна од вратот.

Истиот бил префрлен во одделение за Трауматологија во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ во Скопје, каде бил задржан на понатамошно лекување.          

 

 

 

 

30.03.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега