Крвава драма во Драчево - едно лице повредено

Вчера попладнето во 13 часот во Полициската станица Драчево, 54-годишниот У.И. пријавил дека истиот ден околу 13 часот додека го паркирал неговото товарно моторно возило на тротоарот пред куќата на неговиот сосед З.Ј. излегол соседот и му рекол да го тргне возилото бидејќи ќе му ги исечел гумите. 

Кога У.И., тргнал кон својот дом, З.Ј излегол од домот и се упатил кон товарното моторно возило, при што У.И. го видел и сакал да го спречи, а по него тргнал и неговиот син А.И. Кога У.И. се доближил до З.Ј., истиот од задниот дел на половината извадил нож со кој замавнал кон него и успеал со ножот да го исече во пределот на левата страна од градите.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

30.03.2018 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега