Тешка кражба во два стана во Центар- украдени пари ,златен накит и часовници

Вчера во 16 часот и 40 минути  во Полициската станица Центар, 41-годишниот Г.Ј пријавил дека истиот ден во времето од 08,00 до 16,30 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан улица “Св. Кирил и Методиј“.

Сторителот делувал на заедничката влезна врата од ходникот преку кој се доаѓало до станот на пријавителот и станот сопственост на Л.Ш. Потоа насилно делувал на влезната врата од станот на пријавителот, влегол внатре и одзел пари, околу 500 евра и разновиден златен накит стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари. Откако го напуштил станот се упатил во станот на Л.Ш., и одзел околу 12.000 евра и златен женски часовник по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 800.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

30.03.2018 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега