Притвор за вработен на МВР поради земање мито

 

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против Л.Б. (57) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

-Пријавениот во својство на службено лице – вработен во МВР на 23.03.2018 година од странски државјанин побарал 300 евра парични средства за себе за да не изврши службено дејствие, односно да не поднесе Барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок од Законот за странци за кој би му била изречена парична казна од 540 до 1600 евра. На 28.03.2018 година во службената просторија на пријавениот од странскиот државјанин ги примил паричните средства во износ од 300 евра, соопштуваат од МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавенот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

30.03.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега