Крадел што ќе дофати - тетовец насилно влегувал во куќите и „оперирал“

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 17 годишен малолетник од село Озормиште поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“, А.А.(20) од село Радиовце и М.А. (18) од село Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, додека О.Б.(23) од Тетово, А.Б.(37) од Тетово и И.С.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.  

Во периодот од 05 јануари до 18 февруари годинва,  првопријавениот со помош на А.А. и М.А. со употреба на физичка сила и погоден предмет насилно ги отварал влезните врати од куќите на шест лица од каде одземале телевизори, лап топ компјутер, бормашини и хилти, додека останатите пријавени ги прикриле одземените предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршени кривични дела, стекнувајќи се на тој начин со противправна имотна корист од околу 84.000 денари.

 

 

 

30.03.2018 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега