Тригодишно дете и жена каснати од кучиња скитници во Скопје

Уште две лица се искасани деновиве од кучиња скитници во Скопје. 

Како што информира МВР, вчера во 13 часот тригодишно дете било каснато за левата нога од куче скитник на улицата „Маџари“ во Скопје. На детето му била укажана лекарска помош во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Случајот во Полициската станица Гази Баба синоќа го пријавил таткото на детето, Љ.А. (41) од Скопје.

Во вториот случај, на булеварот „Трета македонска бригада“, А.П. (38) од Скопје била касната од куче скитник. 

Случајот бил пријавен вчера во 10.55 часот во Единицата за информации и команда Скопје од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

 

 

 

30.03.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега