Загина маж од Куманово: Се превртел од трактор и починал на лице место

Вчера  околу 18,00 часот во атарот на село Старо Нагоричани-Куманово, се случила несреќа.

Имено 82- годишниот  Ц.М од село Старо Нагоричани додека орал со трактор на нива во метото викано „Бела грамада“, удрил во дрво, по што тракторот се превртел, а Ц.М. починал на лице место, се вели во соопштение од полицијата.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи-Куманово.

Со одобрение на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството.

 

 

 

 

31.03.2018 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега