Повторно исчезна малолетна штитеничка од домот „25-ти Мај“
Вчера повторно е пријавено исчезнување на малолетничка од домот 25-ти Мај.
Имено околу 11.00 часот во Полициската станица Чаир, социјален работник од домот „25-ти Мај“ пријавила дека во периодот од 31.03.2018 година до 02.04.2018 година од установата од непознати причини се оддалечила 14-годишна штитеничка од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
03.04.2018 - 12:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа