Петмина мигранти откриени во возило во Штип - возачот се обидел да избега

 

Петмина Пакистанци синоќа пронајдени во Ауди со штипски регистарски таблички, објави Сител. Возачот се обидел да побегне, но е приведе. Ова е само еден од катадневните случаи на шверц на мигранти, иако, балканската мигрантска рута официјално е затворена.

Токму затоа  ЕУ и натаму го детектира регионот на западен балкан  како влезна врата за мигрантите .

Од регионалната иницијатива МАРРИ велат дека будно ја следат ситуацијата околу миграцијата. Укажуваат дека сега повеке отколку порано е потребна  поцрвста соработка мегу земјите од  западниот балкан за да се сузбие  криминалниот бизнис на криумчарење на  мигранти. Според некои информации по затворањето на  „Балканската“ рута цените на црниот пазар за шверц на мигранти изнесуваат од 300 до 800 евра по човек.

Во 2015  и почетокот на 2016 година  преку нашата  територија транзитираа мегу 800 000 и еден милион бегалци, а само  200  од нив побарале азил.  Ова укажува дека  Македонија  се користи само како транзит, кон земјите на Европската Унија.   

 

 

 

05.04.2018 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега