Полицијата направи претрес во домот на битолчанец - дома чувал 243 грама хеорин

 

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното Јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против 55-годишниот Б.Е. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Вчера, при претрес на домот на пријавениот, биле пронајдени една најлонска кеса, во внатрешноста со повеќе мали кеси со различна големина подготвени за пакување на наркотична дрога и едно поголемо пакување со „хероин“ обвиткана со селотејп, објави Сител.

Со вештање било утврдено дека средновечниот дилер во домот чувал 243 грама хероин, заради Основниот суд од Битола му одредил притвор во траење од 30 дена. Кривичната пријава против него е поднесена врз основа на член 215 од Кривичниот законик, според кој предвидената казна затвор изнесува од една до десет години. 

 

 

 

05.04.2018 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега