Вечерва две лица застрелани пред штабот на ДУИ во Мала Речица
Две лица се здобиле со прострелни рани во престрелка која пред штабот на ДУИ се случила доцна попладнево.
Според информации до кои дојде Press24 од свои извори во МВР, некаде по 18 часот било пријавено пукање од огнено оружје пред штабот на владејачката партија.
На терен веднаш биле испратени полициски службеници кои на местото на настанот пронашле траги од крв и чаури од муниција за огнено оружје.
Според неофицијалните информации, пукано е во две лица од Куманово кои со прострелни рани биле пренесени во тетовската болница од кои едното лице е префрлено на скопските клиники.
Полициски извори откриваат дека вечерва на излезот од Тетово се приведени две лица кои се сомничат за престрелката.
Од МВР и официјално ги потврдија информациите.
Дел од медиумите пиушуваат дека застреланите им подглегнале на повредите, но од полицијата оваа информација не можат да ја потврдат.
Нема информации кои се мотивите за нападот ниту пак идентитетот на застреланите или пак приведените кои се сомничат за нападот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа