МВР потврди: Едно лице е убиено, а двајца се повредени во престрелката во Мала Речица
Едно лице е убиено, а едно повредено во вооружен инцидент што попладнево се случил во тетовското село Мала Речица.
Како што потврдија за МИА од МВР, денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.
Инцидентот се случил во близина на „Шпар маркет“ во Мала Речица, каде полицијата веќе го блокирала пристапот и работи на расветлување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа