ФОТО: Ова е убиениот во престрелката кај Мала Речица
Наим Реџепи од Куманово е лицето кое вечерва е убиено во Куманово во вооружен синцидент помеѓу две групи пред седиштето на ДУИ во Мала Речица, пишува Шења Тв.
Според информациите на МВР денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.
Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.
Приведени се две лица во врска со инцидентот.
05.04.2018 - 21:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа