Реџепи бил влијателен член на ДУИ во Куманово

Наим Реџепи е лицето кое вечерва беше убиено во вооружена престрелка во Мала Речица. Наим била влијателен член на ДУИ во Куманово, пшишува Фактор.

Реџепи е од село Белановце, Липковско.

Тешко повреден и во животна опасност од денешниот инцидент во Мала Речица е Флорим Мисини од Куманово, пишува Коха.           

Флорим е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Додека пак тешко повреден е и близок роднина на убиениот Наип Реџепи.

Според информациите на МВР денеска околу 18.20 часот било пријавено пукање од огнено оружје во село Мала Речица. По излегување на лице место пронајдени се чаури и траги од крв.

Од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив се донесени две лица со прострелни рани, од кои едното починало.

Приведени се две лица во врска со инцидентот.

 

 

 

05.04.2018 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега