МВР со детали: Најдени чаури и палки на местото на убиството во Мала речица

Околу 18 часот и 20 минути синоќа пријавено е пукање од огнено оружје во село Мала Речица, тетовско. Повредени биле 46-годишниот Н.Р. од селото Белановце, општина Липково, кој во Клиничката болница Тетово им подлегнал на повредите.

Повредени биле и 22-годишниот Ф.М. од село Черкези, кумановско, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје и 41-годишниот С.Р. од село Белановце, општина Липково, кој бил задржан во болницата во Тетово.

Приведени се четири лица и задржани во СВР Тетово за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово и притоа биле пронајдени траги од крв, осум чаури од пиштолска муниција, еден неиспукан куршум од пиштолска муниција, три зрна од куршуми и една безбол палка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.04.2018 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега