Сообраќајка попладнево во Кавадарци: Едно лице итно во болница

Педесетгодишен кавадарчанец бил повреден во сообраќајка која попладнево се случила на крстосницата меѓу улицата „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“, во новиот центар на Кавадарци.

Како што изјави за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски,  во несреќата се судриле две патнички возила, „мерцедес“ управуван од 36-годишниот Ј.Ј и „пежо 405“ управувано од педесетгодишниот Д.К.

Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци. 

 

 

 

06.04.2018 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега