Во сообраќајка оштетен мерцедесот на градоначалникот на Кавадарци

На кружниот тек во Кавадарци се случи сообраќајна несреќа во која учествувало возилото на градоначалникот на општината Митко јанчев, потврдуваат за Макфакс извори од Општината.

Според информациите oд полицијата, градоначалникот Јанчев не бил во автомобилот „мерцедес“ кога се случила сообраќајната несреќа.

Едно од возилата, според првичните информации на „Макфакс“ не ја испочитувало предноста на движење. Возачот на автомобилот на градоначалникот не е повреден, а возачот од другото возило е пренсен во болница. Увид на местото на настанот направи полицијата.

 

 

 

06.04.2018 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега