Тетовчанка ја нападнало поранешното момче - ја нашле без свест на улица
Во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово, 22-годишната Џ.Ј. од селотоСелце, тетовско, со привремен престој во Тетово, пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче.
28-годишниот Ф.Н. од Тетово со кој договориле средба, по што таа се качила во неговото возило, физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото.
Кога пристигнале во Желино таа успеала да избега, но по кратко време изгубила свест и паднала.
Кога се освестила забележала насобрани граѓани, кои случајот го пријавиле во полиција.
СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа