Страшна сообраќајна несреќа во Македонија

Во 14.00 часот вчера на крстосницата од улиците „Никола Минчев“ и булеварот „Македонија“ во Кавадарци дошло до судир помеѓу патничко возило „Пежо 405“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 50-годишниот Д.К. од Кавадарци и патничко возило „Мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од  36-годишниот Ј.Ј.  од Кавадарци.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Пежо 405“. Тој бил пренесен во Јавната здравствена установа - Општа болница – Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

07.04.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега