Битолчанец дивеел во ноќен клуб

Во 03 часот и 50 минути вработен како обезбедување во ноќен клуб во Битола пријавил во полициска станица дека пред ноќниот клуб со возило дошле две непознати лица од кои едното излегло од возилото и почнало да пцуе и вика по обезбедувањето.

После тоа се упатил кон влезот на клубот, но пријавителот не му дозволил да влезе внатре.

Веднаш потоа, лицето со тупаница го удрил во пределот на главата.

Од обезбедувањето лицето било совладано и настанот бил пријавен во полиција.

Полициски службеници излегле на местото и ги привеле 38-годишниот М.Н.  од Ресен и 28-годишниот И.С. од Битола.

 

 

 

07.04.2018 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега