Детали за страшната несреќа на патот Кичево-Охрид

 

Околу 03.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај селото Пополжани, 26-годишниот А.К. од Кичево, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот во нива.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Т.С. (22) од Кичево, на кого му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево и бил задржан на лекување.

На возачот А.К. му биле констатирани лесни телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

07.04.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега