Излетал од патот: Страшна несреќа за Велигден во Македонија

Во 05 часот на регионалниот пат Радовиш село Војиславци на место викано “Гладно Поле“, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Фиат Добло“ со радовишки регистерски таблици управувано од 21-годишниот Н.Р. од селото Војиславци излетало надвор од коловозот.

Н.Р. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип, каде му биле констатирани тешки  телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.04.2018 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега