Драма во Македонија: Ги нападнал родителите па се заканувал со бомба
Во Полициското одделение Галате вчера се јавила 45-годишната Х.А. од селото Сенокос и пријавила дека нејзиниот 21-годишен син А.А. ја нападнал и повредил.
Полциијата информира дека од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и во дворот од семејната куќа ги затекнале пријавителката и нејзиниот сопруг како разговарале со Н.И во врска со настанот.
Потоа А.А. почнал да ги навредува со погрдни зборови полициските службеници и неговите родители, а во еден момент почнал да фрла со камења кон нив. Од нивна страна А.А. бил предупреден да престане, но истиот продолжил и се заканувал дека ќе фрли бомба.
А.А. бил приведен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа