Македонската полиција запре автобус: Сите патници криеле чија е дрогата

Во 11 часот и 35 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-село Миладиновци во патнички автобус со скопски регистерски таблици кој сообраќал на релација Скопје-Дортмунд, била пронајдена една најлонска ќеса оставена внатре во автобусот, а за која никој од патниците не се јавил како сопственик.

Од страна на полициска патрола од Полициската станица Петровец било утврдено дека во најлонската кеса има четири паковки марихуана со вкупна тежина од околу два килограми.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

08.04.2018 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега