Изгубил контрола над моторот и се забил во сообраќаен знак - скопјанец итно префрлен во болница
Во неделата во 12:40 часот на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, атар на село Нова Брезница, мотоцикл „Кавасаки-550“ со скопски регистерски таблици управуван од 25-годишниот Ф.Ш. од Скопје изгубил контрола и удрил во сообраќаен знак.
Ф.Ш. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје на местото на настанот бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа