Драма во тетовско: Му влегол дома со пиштол и го нападнал

Вчера во 21:30 часот во Полициското одделение Камењане, 61-годишниот К.М. од село Боговиње-тетовско пријавил дека истиот ден околу 20:30 часот во неговата куќа дошло непознато лице и тропало на вратата од дворот. К.М. излегол и лицето го прашало зошто го удрил возилото на зет му, по што извадило пиштол и го удрило во пределот на устата. 

На К.М. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Тетово, од каде бил упатен во комплексот клиники „Мајка Тереза“- Скопје.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

 

09.04.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега