Директор на основно училиште во Миравци ја злоупотребил службената должност
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 46- годишниот Т.Д од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
- Во периодот од март 2010 година до септември 2017 година пријавениот како директор на ООУ„Климент Охридски“ во село Миравци, гевгелиско, спротивно на колективниот договор за основно образование, како и спротивно на спогодбите меѓу СОНК и Министерството за образование и наука, и утврдените коефициенти за исплата на плати, и наредил на вработената како секретар, благајник и сметководител во училиштето да му биде пресметуван, а со тоа и исплатуван надоместок на личен доход како за директор на основно училиште со обем од 17 до 36 паралелки, наместо да му биде пресметуван и исплатуван надоместок на личен доход за директор на основно училиште од мал обем (до 16 паралелки), во кој ранг спаѓало наведеното училиште- пишува во соопштението од полиција.
На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 162.393 денари на штета на буџетот на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа