Стружанец без дозвола си изградил автокамп и ресторан покрај Охридското езеро
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 55-годишниот М.Х. од село Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Во текот на 2013 година на парцела во село Калишта, на место викано „Љумче“, пријавениот како инвеститор, без одобрение за градење и без соодветна документација, изградил објект – автокамп, при што ја оградил целата парцела со мрежа, а во просторот на автокампот без дозвола изградил и поставил ресторан, бетонска скара и метален контејнер, додека во водите на Охридското Езеро извел платформа од камен и бетон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа