Десет годишно дете прегазено во сообраќајка во Ѓорче, жителите се собираат на протест

 

Десет годишно дете вечерва беше прегазено во скопската населба Ѓорче Петров.

Од МВР за „Макфакс“ соопштија дека сообраќајната несреќа се случила на улицата „Борис Сарафов“, спроти основното училиште „Мирче Ацев“, кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар. Засега не е познато во каква здравствена состојба се наоѓа.

Полицијата потврди и дека во моментов група граѓани се собираат пред училиштето, во знак на протест.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица

 

 

 

15.04.2018 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега